Connect with us

Отворен Балкан: Македонските фудбалери ќе играат како домашни играчи во првенството на БиХ

Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина донесе ново правило според кое играчите од Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија и од Македонија нема да се сметаат за странци. Исто така, одлучено е отсега босанските клубови да можат да имаат тројца странски играчи во запизникот на натпреварот, а не петмина како што беше случајот досега.


„Обврските на клубовите во врска со регистрацијата на играчи на странски државјани остануваат непроменети. Клубовите мора да ги спроведат сите законски процедури во врска со утврдувањето на работниот и правниот статус на странските државјани во Босна и Херцеговина, како и одредбите од член 18 од Правилник за регистрација на клубови и играчи и статус и трансфер на играчи на НС / ФС БиХ“, се наведува во одлуката на Фудбалската федерација на БиХ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови