Сер Џим Ретклиф донел одлука да не назначува нов спортски директор по неуспешниот експеримент и неочекуваното заминување на Дан Ешворт.
Ешворт беше првиот спортски директор на Манчестер Јунајтед, но остана на позицијата само пет месеци. Компанијата „Инеос“, која е сопственик на клубот, одлучила да ја укине оваа функција, а обврските што требаше да ги извршува Ешворт ќе бидат распределени меѓу Сер Дејв Брејлсфорд, десната рака на Ретклиф, извршниот директор Омар Берада и техничкиот директор Џејсон Вилкокс.
Ешворт, кој претходно работеше во Њукасл, Брајтон, Вест Бромвич и во Фудбалската асоцијација на Англија, брзо би можел брзо да најде нова работа.
Според британските медиуми, постои голема веројатност да добие понуда од Арсенал.
Лондонскиот клуб бара нов спортски директор по заминувањето на Еду, а Ешворт се појавил како неочекувана, но поволна опција. Се наведува дека тој има блиски односи со извршниот директор на Арсенал, Ричард Гарлик, кој го води процесот на пронаоѓање на нов спортски директор. Двајцата соработувале во Вест Бромвич три години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













