
Босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ не успеа да најде нов клуб во летниот преоден рок. Иако фудбалерот за врска се поврзуваше со неколку клуба, особено со враќање во Јувентус, трансферот не се случи и Пјаниќ остана на „Камп Ноу“.
Сепак, Пјаниќ нема да добие шанса од Роналд Куман, холандскиот стратег тоа јасно му го порача. Тоа би било чудно, со оглед дека по заминувањето на Антоан Гризман во Атлетико Мадрид, сега „отпишаниот“ Пјаниќ е вториот најплатен играч на Барселона.
Покрај Пјаниќ, каталонските медиуми наведуваат дека меѓу „отпишаните“ се и Самуел Умтити и Рики Пуиг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal