
Македонскиот прволигаш Пелистер прави голема реконструкција ова лето. Новиот шеф на стручниот штаб Димитар Капинковски има свои замисли за тимот, па клубот се раздели со осуммина фудбалери на кои истекоа договорите.
„Со завршувањето на сезоната во Првата фудбалска лига истече договорот на неколку фудбалери кои го носеа дресот на Пелистер во сезоната 2024/25. Со оглед на тоа што нашите професионални патишта се разидуваат најсдречно им се заблагодаруваме за професионалноста и ангажманот на фудбалерите кои во новата сезона нема да го носат зелено-белиот дрес.
Искажуваме благодарност до: Дејан Ѓуриќ, Захар Тарасенко, Фернардо Брито Карваљо, Масааки Такахара, Бојан Спиркоски, Виктор Серафимовски, Даниел Карчески и Стефан Костов“, соопштија од Пелистер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal