За смртта на фудбалската легенда Диего Армандо Марадона ќе одговараат осум здравствени работници со обвинение за „убиство од небрежност“, тврди аргентинскиот весник „Ла Насион“. Тие не направиле доволно за да му го обезбедат потребниот третман на Марадона.
Помеѓу обвинетите се наоѓаата и неврохирургот кој ја вршел операцијата, неговиот психијатар и неколку медицински сестри. Ако бидат осудени може да добијат казна затвор од 8 до 25 години.
Марадона почина во неговиот дом кратко откако беше пуштен од болница по операција на главата, и околу него имаше група на здравствени работници кои се грижеа за неговото здравје. Официјално, тој почина од срцев напад, и истрагата покажала дека тој бил оставен со часови без помош. Марадона имаше само 60 години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













