
Шкендија имаше шанси, доминираше, но, сепак, не успеа да стигне до победа на дербито со Шкупи. Пресметката во Тетово заврши без голови.
Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи, вели дека може да биде задоволен од играта на тимот, но секако не од резултатот.
„Доминиравме во текот на 90-те минути, создавајќи многу шанси и во првото и во второто полувреме. Жал ми е што не победивме, бидејќи мислам дека Шкендија ги заслужи трите бода, но сепак првенството е долго и мораме да продолжиме да гледаме напред. Во првото коло ми се допадна агресивноста што ја имавме и во дефанзивата, бидејќи за офанзивната фаза истакнав дека направивме неколку шанси преку комбинации. Она што не ми се допадна е егзекуцијата, бидејќи недостигот на ефикасност на овој натпревар се покажа како проблем. Видовме дека Шкупи се бранеше со многу играчи и во такви ситуации бевме принудени да го бараме голот со удари од далечина или продори еден на еден. Среќен сум што на моето враќање имаше атмосфера каква што само овде во Тетово знаат да направат навивачите на Шкендија и „Балистите“. Затоа ми е жал што не победивме, тимот ја заслужи победата со тоа што го дадоа. Во оваа прилика им ветувам на навивачите дека Шкендија повторно ќе биде онаа Шкендија каква што сите ја посакуваме“, изјави Ќатип Османи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
