
Шампионот Струга Трим Лум во третото коло го доживеа првиот пораз откако загуби од Работнички на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Тренерот Ќатип Османи призна дека неговите играчи треба да ја подобрат ефикасноста и контролата на играта во наредните натпревари од шампионатот.
„Почетокот беше погрешен, бидејќи му дозволивме на противникот иницијатива, што резултираше со два гола во нашата мрежа. Вториот дел беше малку подобар, но бевме премалку опасни во завршувањето на акциите пред противничкиот гол.“
„Целта на замените беше токму оваа, да бидеме поофанзивни и поопасни пред противничкиот гол. Во првиот дел игравме со двајца напаѓачи, додека во вториот дел го вклучивме и третиот напаѓач, во одбраната игравме со тројца фудбалери, а потоа и со двајца, сето тоа за да бидеме поопасни пред противничкиот гол, но на крајот не успеавме да ја постигнеме целта.“
„Ни недостасуваше агресивност и на овој натпревар, а во одредени моменти и мудрост, односно добра контрола играта. Значи, кога треба да ја смириме играта, кога треба да ја забрзаме играта, преку додавања или комбинации, за да стигнеме до гол, овие работи треба да ги подобриме.“
„Сигурно ни недостасува ефикасност, исто како и во првите два натпревари. Ме загрижува фактот што создаваме многу малку шанси, не сме опасни пред противничкиот гол, немаме соодветни движења во последните 20 метри од противникот. Ова мора да го промениме, сигурно треба да работиме на завршувањето на акциите.“
Тимот на Ќатип Османи ќе се обиде да се врати во позитивен ритам следниот викенд, кога на домашен терен в сабота ќе ја пречека АП Брера.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Баерн ги растури аматерите од Оукленд

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
