Connect with us

Османи најавува: Фелипе ќе биде стартер против Дуделанж, мора да има промени во составот

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи вели дека по елиминацијата од естонски Номе Калју анализирани се сите аномалии во играта на македонскиот шампион, па сега против Дуделанж во 2. квалификациско коло од Лигата на Европа ќе има поразличен пристап.

„По елимимацијата во ЛШ прво што требаше да се направи беше да ја вратиме атмосферата. Анализиравме, најголемата грешка беше во нас. Мислам дека сега сме подготвени за новиот предизвик. Ќе има промени во составот, но пред се и во пристапот на играта. Сега мечот сигурно ќе го стартува новото засилување, Бразилецот Хуан Фелипе“ – вели Османи, притоа осврнувајќи се на противникот.

„Дуделанж има малку поинаква филозофија, сака да игра повеќе фудбал. Номе калју играше само дефанзива, очекувам Дуделанж да биде поактивна екипа и секако тоа е можност за поатрактивен фудбал“.

Арменд Алими, пак, добро знае дека тимот потфрли во двомечот со естонски Номе Калју, па сега сите се подготвени против Дуделанж да го покажат својот квалитет.

„Свесни сме дека не бевме на потребното ниво против Номе Калју. Но, утре имаме шанса да се поправиме и да оствариме позитивен резултат. Треба да бидеме одлучни и да наметнеме своја игра. Верувам дека имаме квалитети за тоа да го оствариме. Го почитуваме Дуделанж, но на теренот се покажува кој е подобар. Верувам дека ние ќе покажеме дека сме подобри“ – вели капитенот на тетовци.

Првиот натпревар од 2. квалификациско коло во Лигата на Европа меѓу Шкендија и Дуделанж се игра утре со почеток од 17:55 часот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови