
Виктор Осимен сака да остане во Галатасарај, тврди угледниот италијански весник „Кориере дело Спорт“. Според нивните информации, нигерискиот напаѓач веќе ја соопштил својата одлука на турскиот шампион, со што ставил јасно до знаење дека неговата желба е да продолжи во Истанбул.
Осимен минатата сезона настапуваше за Галатасарај како позајмен играч од Наполи, а претходно одби примамлива понуда од Ал-Хилал, клуб од Саудиска Арабија, кој беше подготвен да му понуди астрономска плата.
Галатасарај е цврсто решен да го задржи напаѓачот, но ќе мора да ја плати откупната клаузула од 75 милиони евра, што важи за клубови надвор од Италија. Наполи нема намера да преговара за пониска сума и ќе го пушти Осимен само ако биде платен целиот износ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
