Напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, ја отфрли можноста да го напушти клубот во зимскиот трансфер период. Нигериецот игра како позајмен играч во истанбулскиот гигант од Наполи. Тој навести дека, доколку двата клуба се договорат за негово откупување, би останал и на подолг рок.
„Нема да заминам во јануари. Во Галатасарај сум до крајот на сезонат“, изјави Осимен по победата од 3-2 над Тотенхем, во која постигна два гола.
„Не знам за што разговараат Галатасарај и Наполи. Но, ако дојдат кај мене, ќе разговараме. Галатасарај е одличен клуб и среќен сум тука“, додаде тој.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski