
Во четвртокот ја обезбедија шампионската титула во Удине, но фудбалерите на Наполи продолжија со победи и против Фиорентина (1-0) во 34. коло од Серија А, на распродадениот стадион „Диего Армандо Марадона“ пред 55.000 гледачи. Победникот го реши Нигериецот Виктор Осимхен од пенал во 74. минута.
Тоа беше негов 47. гол во Серија А, со што стана најефикасниот африкански фудбалер во италијанското првенство, престигнувајќи го легендарниот Жорж Веа.
На улиците на Неапол, знамињата на Наполи се веат на речиси секоја куќа, а по 33 години чекање, „наполитанците“ го живеат својот сон.

-
ВАРДАР ПАК Е ПРВОЛИГАШ: Убедливо го победи Скопје во баражот (ВИДЕО)
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати во Првата лига откако убедливо го победи ФК...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022/23 ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга ТЛ ја освои историската прва титула шампион на Македонија, откако излезе победник во...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Фудбалерите до 15 години подобри од Албанија

Евро-фудбал
Нејмар се договорил со Манчестер Јунајтед
