
Баерн Минхен се чини дека сепак ќе успее да ја одбрани шампионската титула во Германија, но и покрај тоа нема намера да се расфрла со многу пари во летниот преоден рок. Иако се очекува заминување на Садио Мане и на Серж Гнабри, а на баварскиот тим му е потребна нова квалитетна „деветка“, сепак, Баерн се откажа од трката за Виктор Осимен од Наполи, затоа што италијанскиот клуб за него ќе бара огромна сума.
Во Баерн се свесни дека мора да го соборат клупскиот трансфер рекорд за да го привлечат Осимен и нема да се одлучат на таков чекор, тврди „Билд“.
Осимен има договор со Наполи до 2025 година, а клубот за него ќе бара над 120 милиони евра. Баерн Минхен во неколку наврати истакна дека нема намера да плати толкава сума за фудбалер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal