Македонскиот фудбалски прволигаш Македонија ЃП денеска информираше дека општината Ѓорче Петров врати во клубот 62 акции од сопственоста. Во клупското соопштение се вели:
„Огромна благодарност до градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, и до Советот на Општина Ѓорче Петров за донесената Одлука за оттуѓување на правата на сопственост во вид на хартија од вредност, односно подарување на 62 акции на ФК Македонија Ѓорче Петров 1932. Враќањето на акциите на нас како фудбалски клуб ќе ни бидат од огромна помош, особено во делот на развојот на клубот и долгорочното функционирање во сите сегменти, односно потребите на управата и фудбалерите. Клубот мора да се развива и да се издигне на пиедесталот, бидејќи ФК Македонија Ѓорче Петров е бренд кој заслужува да биде дел од европските натпреварувања секоја сезона, и со самите настапи да придонесе нашата општина Ѓорче Петров да биде синоним за победа. Соработката којашто ја имаме како фудбалски клуб со Општина Ѓорче Петров е на високо ниво и ја имаме поддршката од градоначалникот Стојкоски секогаш кога таа е потребна.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













