Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, триумфираше над Македонија ЃП со 1-2 и по шест години повторно ја освои титулата есенски првак.
Тимот на Гоце Седлоски ја заврши совршената есенска полусезона со пресврт на тешкото гостување во Ѓорче Петров. Херој на натпреварот беше Азер Омерагиќ, напаѓачот кој со двата постигнати гола ја донесе клучната победа.
Омерагиќ демонстрираше вистински голгетерски инстинкт, погодувајќи двапати во рок од само три минути – прво во 63., а потоа и во 66. минута. Пред тоа, домаќините поведоа во 54. минута преку Колумбиецот Еступињан.

Вардар ја затвора есенската фаза со 13 победи и три ремија на 16 натпревари, имајќи еден бод предност пред најблискиот ривал Струга Трим Лум.
Стружани славеа со 0-1 на гости против Тиквеш во Кавадарци и имаат само бод помалку од лидерот Вардар. Меметриза Хамза беше стрелец на победничкиот гол на денешниот меч во 36.минута од дуелот.
Шабани продре по средината, шутираше, голманот на Тиквеш одбрани, а топката се одби на левата страна до Меметриза Хамза. Младинскиот репрезентативец шутираше и успеа да погоди на вистинското место обезбедувајќи предност за гостите.
Тиквеш имаше две одлични шанси преку Иван Ивановски во првото полувреме, а во финишот мечот се закани преку Даниел Мојсов. Сепак, бодовите заминаа за Струга.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













