
Вардар оствари екстремно важен триумф од 2-1 против Лозана во првиот меч од второто коло во квалификациите за Конференциската лига. На реваншот во Швајцарија ќе патува со еден гол предност, кој влева и уште поголема самодоверба кај тимот на Гоце Седлоски.

Вардар беше подобар тим и заслужено стигна до победа, иако Лозана важи за фаворит во двомечот.
Првиот дел мина во тактичко надмудрување, а мрежата на Лозана се затресе пред самиот крај на полувремето.
Во 45 минута, Вардар дојде во водство со голот на Роџерс Мато. Тој се најде на вистинското место по одбиената топка од голманот на Лозана, Карло Летикс, а по силниот удар на Димитар Тодоровски од 18 метри.
Лозана тргна многу поофанзивно во второто полувреме. Швајцарскиот тим успеа да израмни во 59.минута, кога Гаусу Диаките со удар од 25 метри ја затресе мрежата на Давор Талевски.
Лозана можеше и до пресврт само две минути подоцна, кога напаѓачот Кели Сене излезе сам пред Талевски. Сепак, голманот на Вардар одлично реагираше, го скрати аголот и спречи сигурен гол.
Во 65.минута нова одлична шанса за Вардар. Роџерс Мато се проби по левата страна, шутираше откосо, но голманот Карло Летикс успеа да одбрани.
А потоа нова експлозија. Азер Омерагиќ одлично се снајде во шеснаесетникот во 78.минута и постигна гол за ново водство на најтеофејниот македонски тим.
Вардар со предност од 2-1 и со голема самодоверба сега патува на реваншот во Швајцарија. Сега оваа Лозана и не делува така страшно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј сака да го врати Нејмар во Европа
