Францускиот напаѓач Оливие Жиру и бразилскиот дефанзивец Тијаго Силва остануваат во Челси и следната сезона. Иако имаше најави дека Жиру ќе се пресели во Италија и ќе го носи дресот на Милан, сепак, уште во април Челси ја искористил клаузулата во неговиот договор за продолжување на соработката. Тој останува на „Стемфорд бриџ“ и следната натпреварувачка година.
„Фудбалскиот клуб Челси може да потврди дека во април оваа година е реализирана опцијата за продолжување на договорот на Оливие Жиру на уште една година“, соопштија од Челси.
Тијаго Силва исто така ќе остане и следната сезона во клубот, а тренерот Томас Тухел по освојувањето на титулата во ЛШ доби договор до 2024 година.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












