Грчкиот гигант Олимпијакос започна преговори со Џенаро Гатузо околу тренерската позиција, пишуваат грчките медиуми.
Славниот фудбалер е без клуб, а новата дестинација би можел да биде Олимпијакос. Клубот од Пиреја го посакува Гатузо за нов тренер за следната сезона.
Олимпијакос отсекогаш има врвни амбиции во грчкото првенство, а оваа сезона ја заврши на третото место на табелата, зад новиот шампион АЕК Атина и зад Панатинаикос.
Последниот ангажман на Гатузо беше во Валенсија, а тој раководеше и со Наполи, Милан, Пиза, ОФИ, Палермо и со Сион.
Единствениот трофеј во неговата тренерска кариера е Купот на Италија со Наполи во сезоната 2019/20.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













