Охрид е најпријатното изненадување од Втората лига Запад, успеа да ја добие битката за бараж со Велешта и да обезбеди 90 минути по кои може да направи сензација и да се врати во Првата фудбалска лига по повеќе од една деценија.
Охриѓани десет години мечтаат за враќање во елитата, а сега се само на чекор до остварување на целта. Напорната работа на тренерот Драган Бочески донесе плодови, а ривалот кој стои како последна голема пречка е прволигашот Ренова.
Голем адут на охриѓани е одбраната која ретко дозволува да се тресе мрежата, а јасно е дека избраниците на Бочески ќе го дадат максимумот за да ја остварат конечната цел.
Бараж натпреварот меѓу Ренова и Охрид ќе се игра на комплексот на ФФМ, а ќе го суди Александар Грујоски од Кичево.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













