Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев и официјално ќе игра уште една сезона во дресот на италијанскиот калчолигаш Џенова. Тој ја продолжи верноста до јуни 2022 година и ќе биде дел од тимот и во претстојната сезона од Серија А.
Македонскиот фудбалер е во Џенова од 2015 година, а во дресот на „грифините“ одигра 156 натпревари во Серија А и постигна 28 гола. Во италијанската елитна лига одигра вкупно 473 натпревари и постигна 101 гол.
Пандев, кој претходно играше и за Интер и за Наполи, е третиот странец во Серија А кој постигнал повеќе од 100 голови и еден од петте играчи кои моментно играат во лигата.
Пандев размислуваше за комплетно пензионирање, но, сепак, се уште може да игра на врвно ниво, а најголемата желба му е да се збогува од фудбалот со публика на стадионите.
Пандев летово стави крај на репрезентативната кариера откако му се исполни желбата да настапи со Македонија на Европско првенство.
🎶 Ehi Siri, metti la playlist “Goran #Pandev”
— Genoa CFC (@GenoaCFC) August 13, 2021
🔴🔵 Pandev ha rinnovato il suo contratto con il Genoa ➡️ https://t.co/rZhngzKRLU pic.twitter.com/Nt8N4P45zz
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













