
Се ближи популарниот „Боксинг деј“ во Премиер – лигата, но нема да биде комплетен. Празничната програма во англискиот фудбал остана без дуелите Ливерпул -Лидс Јунајтед и Волвс – Вотфорд, кои се откажани поради проблемите со Ковид-19.
Лидс и Вотфорд се клубовите кои побараа одложување, а Премиер – лигата им излезе во пресрет затоа што имаат поголем број на заразени фудбалери. Тренинг центрите на двата тима екипи се затворени и така ќе биде се додека не стивне ситуацијата меѓу вработените и фудбалерите.
Одложените натпревари требаше да се одиграат вотерминот од 13.30 часот в недела, а тој ден, засега, остануваат уште седум натпревари. Сепак, можно е да има уште некое одложување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
