Connect with us

Одлична цена: Купете билет за Македонија – Летонија

Фудбалската Федерација на Македонија одреди популарна цена од 150 денари за влезниците за премиерниот домашен натпревар од квалификациите за ЕВРО 2020, во кој нашиот национален тим ќе се сретне со Летонија. 

Верните навивачи на нашиот национален тим ќе можат да купат билет за натпреварот Македонија – Летонија преку продажната мрежа на МКТицкетс. Билети ќе можат да се купат и на благајната на Националната арена „Филип Втори“.

Македонија ги отвора квалификациите на 21. март со домашна пресметка против Летонија на националната арена „Филип Втори“ во Скопје (20:45 часот), а три дена подоцна гостуваме на „Стожице“ во Љубљана против Словенија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови