Кристијано Роналдо постигна неверојатна бројка. Ако се соберат сите негови следбеници на сите социјални мрежи, се доаѓаме до бројката од – една милијарда.
„Создаваме историја, милијарда следбеници! Ова е повеќе од обична бројка, ова е признание за нашата страст и љубов кон играта. Од улиците на Мадеира до најголемите височини во светот, секогаш сум играл за моето семејство и за вас, а сега сме милијарда заедно. Вие сте со мене на секој чекор, низ сите успони и падови.
Ова патување е наше патување, а заедно покажавме дека нема граници за тоа што можеме да постигнеме.
Ви благодарам што верувавте во мене, благодарност за поддршката и што сте дел од мојот живот. Најдоброто допрва следува, ќе продолжиме понатаму, да победуваме и да создаваме историја“, напиша Роналдо.
Навистина импресивна бројка…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













