Во понеделник, 5. јуни, ќе започне продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Украина (16. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за ЕП 2024.
Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300 и 400 денари.
„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „рисовите“ да дојдат до многу важна победа од квалификациите за Европското првенство 2024“, велат од ФФМ.
Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Украина ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.
Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст.
МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА (Национална арена „Тодор Проески“, 16. Јуни, 20:45 часот)
Цени на билети:
Северна Трибина
Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24 300 денари
Јужна Трибина
Блок 1, 2, 5 и 6 300 денари
Блок 3 и 4 400 денари
Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 14-ти, 15-ти јуни и на денот на натпреварот, 16-ти јуни од 10:00 часот.
Продажни места:
Скопје:
- ЛитератураМК – City Mall
- ЛитератураМК – East Gate
- ЛитератураМК – Веро Центар
- Литература – ТЦ Буњаковец
- Литература МК – ул. Македонија
- Југотон ГТЦ 1
- ЈК Травел – ТЦ Бисер
- Макпетрол – Козле
- Макпетрол – Илинденска
- Макпетрол – Влае
Велес:
- Унисон
Прилеп:
- ТА Бран
Куманово:
- Тобако Агора
Тетово:
- Тобако Монако
- Гранд Тобако
Гостивар:
- Тобако Вона 5
Охрид:
- ТА Вис Пој
Битола:
- Литерара МК
- Tobacco Brothers
Струмица:
- Литература МК
- ТА Сафари
Радовиш:
- ТА Халкидики
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski