Connect with us

Од безбедносни причини откажан пријателскиот меч меѓу Пирин и Скопје во Благоевград

Македонскиот прволигаш ФК Скопје утре требаше да замине во Бугарија и да одигра пријателски натпревар со Пирин. Меѓутоа, мечот е откажан од безбедносни причини.

Локалната полиција добила информација за можни навивачки нереди поради гостување на тим од Македонија и препорачала сепак натпреварот да не биде одигран.

Сложената политичка ситуација меѓу Бугарија и Македонија очигледно полека го зафаќа и спортот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови