Connect with us

Обложувачки скандал на Островот: На жолт картон на Гранит Џака добиле 250.000 фунти

Мистериозниот жолт картон на Гранит Џака, добиен во триумфот на Арсенал (4-1) против Лидс Јунајтед, го истражува Националната агенција за криминал во Велика Британија поради сомневања за „обложување на црно“.


Фудбалската асоцијација на Англија добила сигнал за сомнителни облози и веднаш ја контактирала агенцијата на 18 декември. Сепак, во моментов нема знаци дека е вмешан Гранит Џака или некој друг играч на Арсенал.


Сигналот е даден по облогот од 52.000 фунти дека Џака ќе добие официјално предупредување во последните 10 минути од мечот, иако „топчиите“ водеа со убедлив резултат.


Швајцарскиот играч за врска доби жолт картон поради задржување на играта во 86. минута. Тој мораше да направи прекршок на сопствената половина од теренот, но на видеото се гледа како 20 секунди стои околу топката без да ја шутне додека не добие жолт картон.


Сомнителниот облог бил уплатен на интернет и резултирал со добивка од 250.000 фунти. Водечките обложувалници поднесоа жалба до ФА на Англија, бидејќи таквите суми обично не се уплаќаат на жолт картон на играчот.


ФА на Англија не покрена сопствена истрага, туку ја пренесе информацијата до Агенцијата за криминал.


Џака е меѓу играчите на Арсенал кои најчесто заработуваат картон, минатата сезона играчот од средниот ред доби 10 жолти и два црвени картони.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови