Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, беше важен фактор за успехот на неговата екипа во пенал-рулетот против Интер во осминафиналето на Лигата на шампионите. Покрај тоа што беше стабилен во текот на целиот меч, Словенецот покажа врвна класа бранејќи два пенали на противникот. На крајот потенцираше дека тој и неговит тим имале среќа.
„Отсекогаш сум велел дека во пеналите треба да имаш среќа затоа што треба да го избереш вистинскиот агол. Треба да ја одбраниш топката, но ако противникот шутира совршено, не можеш да направиш ништо. За среќа, ние бевме талични и најважно е дека сме во четвртфиналето“, изјави Облак.
„Атмосферата беше фантастична, како и секогаш дома. Навивачите, стадионот никогаш не нè изневериле. Можеме да потфрлиме ние, но тие не. И овојпат тие имаа важна улога и многу ни помогнаа”, додаде голманот на Атлетико Мадрид кој ги одбрани ударите на Алексис Санчез и на Деви Класен. Лаутаро Мартинез не успеа да го погоди неговиот гол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













