Селекторот на фудбалската репрезентација на Романија, Мирел Радои, е позитивен на коронавирус. Поради ова е откажана прес – конференцијата што селекторот требаше да ја има утре и да ја извести романската јавност за акцијата на националниот тим и првиот квалификациски дуел од циклусот за СП 2022 во Катар против Македонија. Нашиот национален тим ќе гостува во Букурешт на 25.март, а најверојатно Романците ќе бидат без селекторот Радои.
„На 15 март (понеделник) направив тест за Covid-19 и за жал, имав позитивни резултати. Немам никакви симптоми и се надевам дека се работи за грешка, а доколку не е така, едвај чекам да заврши 14-дневниот период на изолација и да им се вратам на моите професионални обврски“, извести Мирел Радои.
Тој ќе изврши уште еден тест на коронавирус во наредните неколку дена и доколку биде потврдена дека е позитивен, тогаш и дефинитивно нема да биде дел од мечот меѓу Романија и Македонија во Букурешт, на 25.март.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













