
Тренерот на Борусија Дортмунд, Нури Шахин, има еден натпревар да ја спаси својата работа. Според информациите од Германија, во вторник, „жолто-црвените” ќе се соочат со Болоња во Лигата на шампионите, а во случај на негативен резултат, многу е веројатно дека Шахин ќе биде отпуштен.
Борусија Дортмунд се наоѓа во серија од три последовни порази во Бундес-лигата и е на десеттото место во лигата со само 25 бода.
Прв кандидат за неговото место е Ерик тен Хаг, кој е без клуб откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед. Другата опција е Себастиан Хенес, тренерот на Штутгарт, но неговото назначување би било возможно само во летниот период, кога ќе има откупна клаузула од 8 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
