Connect with us

Нуно Еспирито Санто: Фудбалот е најнемилосрдниот спорт на светот

Португалскиот стратег Нуно Еспирито Санто имаше големи цели со Тотенхем, но не успеа да ги реализира. Доби отказ по само четири месеци, и тоа само еден месец откако доби признание за најдобар менаџер во Премиер – лигата за претходниот месец.


Португалскиот стручњак доби отказ на 1 ноември. На тој начин му беше раскинат двегодишниот договор кој го потпиша во јуни.

„Последните неколку недели беа хаотични. Фудбалот е најнемилосрдниот спорт. Пред само неколку недели бев прогласен за менаџер на месецот, а пред неколку дена добив отказ. Тоа е животот. Продолжувам и ќе барам нов предизвик“, изјави Нуно Еспирито Санто.

На десет натпревари во Премиер – лигата оваа сезона, Еспирито Санто го предводеше Тотенхем со пет победи и исто толку порази. Стигна до четвртфиналето на Лига купот, а забележа реми, победа и пораз во Конференциската лига на УЕФА.

Но, тој е веќе минато за Тотенхем, а на клушата го наследи италијнскиот стратег Антонио Конте.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови