
МАКФУДБАЛ во Палермо,
Македонија има „нула“ на полувреме на „Ренцо Барбера“ во Палермо против европскиот првак Италија во бараж натпреварот за пласман на Светското првенство. „Аѕурите“ беа подобри, имаа и неколку одлични шанси за водство, но засега одбраната на Македонија функционира добро и одолева на нападите.
Италија во 30.минута ја имаше најдобрата шанса, а ја создаде Столе Димитриевски. Македонскиот голман сакаше да проигра во средината, топката стигна директно до Доменико Берарди, кој беше во супер можност, шутираше кон празниот гол, но Столе Димитриевски сепак успеа да спаси. Две минути подоцна Николо Барела се обиде од далечина, а во блокот шутираа и Чиро Имобиле и Лоренцо Инсиње.
Во 39.минута, Дарко Чурлинов украде топката од стоперите на Италија, тргна сам кон голот на Донарума, но не издржа во спринтот, па Флоренци го стигна и расчисти со лизгачки старт.
Во 45.минута, првата конкретна акција и од Македонија, Барди го проигра Трајковски, кој шутираше од 20 метри, но Донарума одбрани.
БАРАЖ ЗА СП ВО КАТАР
ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА (0-0)
Стадион „Ренцо Барбера“ во Палермо. Судија: Клемон Турпан (Франција).
ИТАЛИЈА: Донарума, Флоренци, Мансини, Бастони, Емерсон, Жоргињо, Верати, Барела, Берарди, Имобиле, Инсиње.
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски, Адеми, Николов, Барди, Чурлинов, М. Ристовски, Трајковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski