Њукасл е подготвен да испрати нова понуда за крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Јаник Фереира Караско. Белгиецот долго време е желба на клубот со најбогати сопственици во Премиер-лигата. Тие го посакуваа и минатото лето, но тогаш Шпанците одбија да преговараат за евентуален трансфер. Сепак, на „Сент Џејмс Парк“ не се откажаа од идејата да го привлечат играчот и подготвуваат нова офанзива за јануари, тврди „Мундо Депортиво“.
Приоритет во зимската селекција на Њукасл ќе биде доведување на крилен напаѓач. Клубот претпочита искусно и докажано име, а токму таков е 29-годишниот Караско. Договорот на Белгиецот истекува во летото 2024 година, што може да ги олесни преговорите.
Караско се врати во Атлетико Мадрид во 2020 година по краток престој во Кина. И оваа сезона тој беше важна фигура во тимот на Диего Симеоне, со 18 настапи, два гола и две асистенции во сите натпреварувања. Се претпоставува дека Атлетико Мадрид за него ќе бара 40 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













