
Богатите сопственици на Њукасл се решени да го задржат клубот во Премиер – лигата оваа сезона, па затоа во јануари ќе започнат со сериозни засилувања. Како опции за нападот на „чавките“ се споменуваат Антони Марсијал и Един Џеко.
Њукасл, кој неодамна доби нови и исклучително богати сопственици од Саудиска Арабија, моментно е на претпоследното место во англиската Премиер – лига, но со ист број бодови како последнопласираниот Норич. Иако заостануваат само три бода зад сигурната зона, од коло во коло Њукасл игра се послабо.
Затоа челниците на клубот решија да реагираат во јануари, а нивна прва цел е напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал. Французинот имаше многу проблеми оваа сезона бидејќи не успеа да ја фати вистинската форма по повредата која ја прекина неговата последна сезона.
Сепак, посигурна опција е напаѓачот на Интер, Един Џеко, кој остави длабока трага во англискиот фудбал и веќе ги докажа своите квалитети со 50 гола и 24 асистенции во дресот на Манчестер Сити. Џеко и годинава е во одлична форма, а за Интер веќе има постигнато 11 гола.
За десет дена започнува зимскиот преоден рок, а секако ќе биде интересно да се проследат активностите на Њукасл кој со новите сопственици располага со огромен буџет.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
