Премиерлигашот Њукасл сака да го ангажира крилниот напаѓач на Рома, Николо Заниоло. 23-годишниот фудбалер има договор со „волчицата“ до 2024 година. Клубот се обидува да го убеди повторно да потпише, но во оваа фаза без успех.
Токму поради тоа тренерот Жозе Мурињо и директорот Тиаго Пинто разговараат за можноста да го жртвуваат за да ја наполнат касата и да ги искористат средствата од неговата продажба за да доведат други играчи.
Њукасл ќе мора да биде подготвен за сериозна понуда доколку сака да го обезбеди потписот на Заниоло. Во моментов неговата цена е околу 30 милиони евра, но најверојатно од Рома ќе побараат многу поголема сума.
Покрај Њукасл, конкуренти за потписот на Италијанецот се и Јувентус, Интер и Тотенхем.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski