
Англискиот премиерлигаш Њукасл е заинтересиран за данскиот интернационалец Кристијан Ериксен кој минатата полусезона ја одигра во дресот на Брентфорд. Раководството на еден од најбогатите клубови во светот, му испратило бланко чек на Ериксен и воопшто не прашува за пари, туку само сака да го има Данецот во тимот за наредната сезона.
Тој е слободен играч, но се уште размислува дали да остане барем уште една сезона во Брентфорд, клубот кој му подаде рака да се врати на големата сцена по немислите сцени и преживеаниот срцев удар на Европското првенство.
Ериксен мораше да паузира, му беше вграден дефибрилатор, а поради тоа мораше да ја напушти Италија, со оглед дека во Серија А се забранети настапи за фудбалери кои имаат срцеви проблеми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
