Англискиот премиерлигаш Њукасл е заинтересиран за крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Киеза. На клубот од Торино му требаат свежи финансиски средства и тоа би можело да го натера италијанскиот гигант да се раздели со играчот.
Њукасл веќе испратил понуда до Јувентус за трансферот на 25-годишниот италијански репрезентативец.
Договорот на фудбалерот со Јувентус е до летото 2025 година.
Киеза би можел да биде вториот фудбалер од Серија А што ќе ги засили „чавките“. Како што е познато, многу брзо Њукасл и официјално ќе го објави трансферот на Сандро Тонали од Милан.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski