Connect with us

Њукасл нуди 75 милиони евра за Николо Барела

Николо Барела е едно од најатрактивните имиња на европскиот фудбалски пазар. Италијанскиот репрезентативец и член на Интер долго време е цел на Реал Мадрид.


Претседателот на шпанскиот гигант е вљубен во квалитетите на Барела, но засега од Островот пристигна единствената конкретна понуда. Имено, Њукасл на Интер му нуди 75 милиони евра за играчот од средниот ред. Тоа е сум што ги задоволува апетитите на „нероаѕурите“.


Останува да се види дали Николо Барела ќе се согласи да се пресели во Англија и да го засили Њукасл во јануари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови