
Новиот најбогат фудбалски клуб во светот, англискиот премиерлигаш Њукасл, сака да го ангажира играчот на Атлетико Мадрид, Киран Трипие, во претстојниот јануарски прозорец. Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, направил листа од десетина засилувања кои сака да ги има во тимот за вториот дел од сезоната, во обид да го избегне испаѓањето од елитата.
Њукасл е подготвен да плати 30 милиони евра за англискиот репрезентативец.
Трипие од почетокот на сезоната се мачи со повреди, па Атлетико Мадрид сериозно размислува за негова продажба. Тој моментно е надвор од теренот поради повреда на рамото, а ќе отсуствува уште неколку недели.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
