
Њукасл во актуелниот преоден рок ќе се обиде да донесе дури тројца фудбалери на Челси. Клубот со најбогатите сопственици планира да ги доведе Конор Галахер, Рубен Лофтус-Чик и Хаким Зијеч. Сите тројца во ист пакет. Се очекува „чавките“ да понудат 100 милиони евра кои Челси пред некој ден ги уфрли за трансферот на Михаило Мудрик од Шахтјор.
Галахер минатата сезона импресионираше на позајмица во Кристал Палас, но оваа сезона имаше само 648 минути во Премиер – лигата. Вредноста на 22-годишниот играч за врска се проценува на 32 милиони евра.
Лофтус-Чик има проблеми со повреди, а Зијеч бара клуб во кој ќе има поголема улога.
Њукасл пред една година стана клуб со најбогат сопственик во светот, кога беше купен од Саудиски инвестициски фонд „тежок“ повеќе од 320 милијарди фунти.
Њукасл е трет на табелата во Премиер – лигата со пет бода повеќе од петтопласираниот Тотенхем, игра добро оваа сезона и има големи шанси да се пласира во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
