Connect with us

Њукасл на лето го купува Нејмар

Богатиот англиски премиерлигаш Њукасл, со кој управува инвестициски фонд од Саудиска Арабија, сака на лето да го доведе Бразилецот Нејмар. Тоа би бил одличен потег како за квалитетот на тимот, така и од маркетиншки аспект и за клубот, и комплетно за Премиер – лигата.


Претходно, раководните луѓе на Њукасл го посакуваа и Кристијано Роналдо, но не успеаја во намерите.

Сепак, Нејмар во неколку наврати изјави дека нема намера да го напушти ПСЖ, каде има плата од 50 милиони евра годишно и договор за уште две сезони.

Бразилецот во ПСЖ пристигна во 2017 година од Барселона. Тој се уште го држи рекордниот трансфер од 222 милиони евра, но никогаш не ја оправда оваа сума и многу често пропушта натпревари поради повреди.

Тој оваа сезона нема да се врати во дресот на ПСЖ и ќе видиме што ќе биде со него и со ПСЖ во текот на летото.

Оваа сезона Нејмар ја заврши со 29 одиграни натпревари, со ефект од 18 гола и 17 асистенции. За шест години бразилскиот фудбалер настапи на 173 натпревари за ПСЖ, со 118 постигнати голови и 77 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови