Connect with us

Њукасл ги купува Дуван Запата и Диего Карлос

Њукасл, клубот со најбогат сопственик во светот, планира неколку сериозни трансфери до крајот на зимскиот преоден рок. Раководството сака да го засили тимот кој се бори за опстанок во Премиер – лигата.


На Њукасл му се потребни засилувања во сите линии, па се преговара на неколку фронта. Во преден план се Дуван Запата, напаѓачот на Аталанта и Диего Карлос, дефанзивецот на Севилја.

За колумбискиот напаѓач, Њукасл нуди 30 милиони фунти, а исто толку планира да потроши и за бразилскиот стопер од Севилја. Сепак, Аталанта и Севилја сакаат понудите да бидат засилени најмалку до 40 милиони евра за отштета.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови