Шкендија успеа да го стори речиси невозможното и потенцијалниот пораз од Работнички го претвори во победа. Тетовци губеа со 1-0 во 91.минута, кога Бруно Дита израмни, а Красниќи погоди за триумф (1-2) во 96.минута од мечот на стадионот „Борис Трајковски“.
„Ова беше најдобриот натпревар од кој јас како тренер сум стопроцентно задоволен. Начинот на кој се движевме во средниот ред, на кој креиравме шанси… сите бевме убедени дека е само прашање на време кога ќе го израмниме резултатот и ќе тргнеме по победата. Покажавме фантастичен карактер и мислам дека заслужено победивме“, истакна Нухииу.
„Колку е потешка, толку е послатка секоја победа. Фудбалерите покажаа фантастичен карактер, убеден сум дека ова не беше среќа, туку кога играш добро, фудбалот секогаш наоѓа начин да те награди. Ние ја добивме нашата награда, но остануваме цврсто на земја бидејќи сезоната е долга“, изјави тренерот на Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













