Неверојатната прва сезона на Ерлинг Халанд на Островот му донесе ново признание. Напаѓачот на Манчестер Сити е прогласен за „Фудбалер на годината“ од Здружението на фудбалски новинари во Англија.
Норвешкиот голгетер досега има постигнато 51 гол на 47 натпревари за „граѓаните“ во сите натпреварувања.
За него гласале дури 82 отсто, што е нов рекорд во изборот на здружението во ерата на Премиер – лигата. Во гласањето учествуваа 400 новинари од Англија.
Втор е Букајо Сака од Арсенал, а трет неговиот соиграч Мартин Одегард. Следат Кевин де Бруин (Манчестер Сити) и Маркус Рашфорд (Манчер Јунајтед).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













