
Италијанскиот новинар Фабрицио Корона, кој прв го објави скандалот, обвини тројца нови фудбалери за нелегално обложување. Познато е дека Николо Фаџоли од Јувентус, Сандро Тонали од Њукасл и Николо Заниоло од Астон Вила се под истрага за нелегално обложување на нелегални сајтови за коцкање.
Дополнително, во истиот случај го вмешаа и името на Никола Залевски, но засега нема официјална истрага против играчот на Рома.
Фабрицио Корона именуваше тројца други играчи кои ги обвини за нелегално обложување. Станува збор за Федерико Гати од Јувентус, Стефан Ел Шарави од Рома и Николо Касале од Лацио.
Како и Залевски, тие засега не се под истрага ниту од Италијанската фудбалска федерација, ниту од обвинителството.
Во меѓувреме, Корона се пожали на Инстаграм дека бил цензуриран од локалната ТВ станица РАИ 3 за време на неговото гостување во шоуто „Аванти Пополо“, каде што ја коментирал сопствената истрага за скандалот со обложување.
Тој тврди дека му било ветено дека ќе биде објавена снимка на која Заниоло и уште тројца играчи од Серија А „зборуваат за облози и многу пари“. На крајот, сепак, програмата не го емитувала тонот, што предизвика големо негодување кај новинарот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
