Проблемите за Милан се зголемуваат откако играчот од средниот ред Исмаел Бенасер се чини дека има посериозна повреда.
Репрезентативецот на Алжир беше принуден да ја напушти играта во 18. минута поради повреда на коленото, по што тој и од стадионот „Сан Сиро“ замина со помош на патерици.
Според италијанските медиуми, Бенасер денеска ќе ги мине лекарските прегледи и на крајот клубот ќе излезе со официјално соопштение за неговата состојба, но веќе е јасно дека останува сериозна неизвесност за реваншот со Интер на 16 мај.
Алжирскиот интернационалец има три гола и две асистенции на 40 настапи во сите натпреварувања оваа сезона.
Ова би бил уште еден проблем со повреда за Стефано Пиоли. Како што е познато, Милан поради повреда не можеше да ја искористи својата голема ѕвезда Рафаел Леао во синоќешното полуфинале со Интер (0-2).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













