
Ансу Фати последните две сезони минува низ пекол. Тој буквално минува од повреда во повреда, хоророт започна на 7 ноември 2020 година кога на натпреварот против Бетис заработи тешка повреда на коленото. Тој мораше да оди на три операции, ја загуби довербата во лекарскиот тим на Барса, а потоа сам почна да се лекува.
Поради долга пауза штотуку се врати, во ноември 2021 година ја заработи првата повреда на задната ложа, а ја обнови во јануари 2022 година, поради што мораше да направи нова долга пауза.
Иако клубот тогаш го советуваше да оди на операција, Фати одби и замина на алтернативен третман. Се врати, играше на крајот од сезоната, Чави постепено го додаваше во тимот, но сега се појави нов сомнеж дека нешто не е во ред.
Луис Енрике го повика на јунскиот собир, но Ансу Фати не одигра ниту една минута.
Сега се појавуваат информации дека Барселона верува дека Фати направил голема грешка што не ги послушал и дека постои страв дека повредата повторно ќе се повтори. Му се случи со коленото, а сега по третпат може да се случи и со бутниот мускул, што психолошки Фати тешко ќе го поднесе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета

Евро-фудбал
Фиорентина подготвува нов договор за Моисе Кин

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
