Connect with us

Новаци стартуваше со подготовки, клучните играчи – ги нема

Македонскиот второлигаш Новаци денеска ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната, во која целта ќе биде да избори опстанок.


На првиот тренинг сепак не се појавија дел од оние кои го носеа товарот во есенскиот дел, а наводна причина се финансиите, поточно долгови од есенската полуетапа.

Се очекува Новаци главниот дел од подготовките да го реализира во Охрид, но тоа што задава главоболки моментно е скромниот играчки кадар.

Прво засилување се очекува да биде прилепчанецот од редовите на Победа, Кукески.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови