Connect with us

„Новата Лига на шампиони“ ќе стартува порано од 2024 година?

‘Новата Лига на шампиони’ би можела да започне порано од 2024 година, открива „Газета дело спорт“. Ова како реакција на УЕФА сепак да им помогне на клубовите кои се наоѓаат во сериозни финансиски проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирусот. УЕФА е во преговори со британски инвестициски фонд за зголемување на буџетот на Лигата на шампионите со финансиски пакет од 6 милијарди евра.


Вчера беше објавен новиот формат за европското елитно натпреварување.

„Од сезоната 2024-25, ќе има единствена лига составена од сите 36 клубови што се натпреваруваат. Ова ќе им даде можност на уште четири екипи да се натпреваруваат против најдобрите клубови во Европа “, објави европското раководно тело за фудбал.

„Според новиот формат, тимовите ќе играат четири натпревари повеќе отколку во моментов. Тие веќе нема да играат со три ривали двапати, дома и на гости, а наместо тоа ќе се соочат против десет различни тимови, од кои половина дома и половина од гости “.

Новиот проект требаше да започне во 2024 година, но хаосот создаден од Суперлигата во последните 48 часа се чини дека ги убеди претставниците на УЕФА да побрзаат со почетокот на натпреварувањето со нов формат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови