
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година го загуби првиот пријателски натпревар на турнирот во Анталија. Новата генерација на селекторот Благоја Милевски доживеа пораз (1-2) од Казахстан.
Грешките во одбраната беа кобни за нашиот национален тим. Андреј Улшин го доведе Казахстан во водство во 55.минута со прецизен удар од 25 метри, а Абилакјан Зумабек зголеми на 2-0 во 71.минута. Четири минути подоцна, Македонија постигна погодок преку Берат Калкан, но, сепак, нашите млади фудбалери не успеаја да го избегнат поразот.
Следен тест за Македонија У21 ќе биде дуелот против Словачка за три дена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
