Уште една ѕвезда на Рома следната сезона ќе заврши во Лацио. Според италијанските медиуми, Хенрих Мхитарјан нема намера да го продолжи договорот со „волчицата“ и веќе започнал преговори со лутиот ривал Лацио за да му се приклучи од следната сезона.
33-годишниот играч за врска со ерменско потекло пристигна во Рома во септември 2019 година од Арсенал. Прво на позајмица која чинеше три милиони евра, а потоа потпиша перманентен договор со „волчицата“. Сега би можел да тргне по стапките на Педро и од Рома да се пресели во Лацио.
Сезонава Мхитарјан одигра 41 натпревар за Рома, постигна четири гола и запиша девет асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













