
Додека светот сè уште тагува по трагичната смрт на Диого Жота, нова тажна вест пристигна од Полска, каде што фудбалската јавност е потресена од сообраќајна несреќа со трагични последици.
Станува збор за 17-годишниот Ксавери Јежевски, талентиран напаѓач на Легија Варшава и младински репрезентативец на Полска, кој е во критична состојба откако возилото во кое се наоѓал излетало од коловозот и се удрило во дрво. За жал, неговата постара сестра, која била со него во автомобилот, починала на лице место.
Несреќата се случила во близина на градот Плоцк. Според првичните извештаи на полицијата, засега нема индикации дека брзината била причина за инцидентот. Јежевски е префрлен во болница каде лекарите се борат за неговиот живот.
Фудбалскиот клуб Легија Варшава изрази длабоко сочувство до семејството:
„Ксавери се наоѓа во болница со сериозни повреди. Целата наша академија – стручниот штаб, тренерите и соиграчите – е со него и неговото семејство во овие тешки мигови.“
Тренерот на младинската екипа на Легија, Рафал Матусијак, со емоции зборуваше за својот фудбалер:
„Ксавери е исклучително посветен, дисциплиниран и талентиран млад човек. Таков потенцијал ретко се гледа. Само во последните неколку натпревари постигна 17 голови и беше лидер на тимот.“
Полската јавност е во шок, а фудбалската заедница повикува на зголемено внимание и мерки за безбедност на патиштата. Две големи трагедии во краток период оставија длабоки лузни во светот на фудбалот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
